ТехноТранс е шпедитерска и логистичка компанија специјализирана за организација на меѓународен транспорт, царинско посредување и координација на пратки. Нашата задача не е само да обезбедиме превоз, туку да го организираме целиот процес за стоката да пристигне сигурно, навреме и без непотребни компликации.
Клиенти
Земји
Работиме со компании кои увезуваат и извезуваат стока и на кои им е потребен сигурен партнер што ќе го преземе транспортот без непотребни доцнења, компликации и дополнителни трошоци.
Преку мрежа на проверени превозници и меѓународни партнери, секојдневно организираме пратки низ Европа и останатите делови од светот.
Нашиот тим ја следи секоја пратка во текот на целиот процес. Обезбедуваме навремени информации, ја подготвуваме потребната документација и комуницираме со превозници, магацини и царински служби за транспортот да се одвива без застои.
Без разлика дали станува збор за редовна или итна пратка, нашиот тим ќе ја организира целата постапка и ќе ви обезбеди сигурно транспортно решение.
Потребна ви е понуда или информација? Контактирајте нѐ и ќе добиете одговор во најкраток рок.
Нашата работа е транспортот да се одвива без неизвесност. Со постојана комуникација, внимателна организација и проверени партнери, обезбедуваме сигурна испорака на секоја пратка.
